Денеска на граничниот премин „Деве Баир“, при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 PCR-тестови за Covid-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа.
Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени.
Од слобода биле лишени двајца албански државјани и биле изведени пред Судија на претходна постапка.
За другите 28 патници, македонски државјаним ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство по член 206 и член 378 од Кривичниот законик.