Поединостите од „европскиот предлог“ достапни на македонски јазик

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на својата официјалната веб-страница  интегрално преведен на македонски јазик, го објави европскиот предлог.

Истиот можете да го преземете на следниот линк:

Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите.