Да се елиминираат и поедностават одредени процедури од законите и подзаконските акти, како и намалување на трошоците ќе значи голема предност за инвестициите во обновлила енергија.
„Проектот за инвестиции во чиста енергија, кој започна во април минатата година, и ќе трае три години е насочен кон поддршка на Владата во процесот на подобрување на деловното окружување во областа на обновливи извори на енергија и имплементирање на релевантни стратегии, со цел да се зголемат инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија и да се намали вкупната потрошувачка на енергија и емисија на стакленички гасови“, истакна денеска Самир Латиф, директор на Проектот за инвестиции во чиста енергија на УСАИД, на прес- конференција во Стопанската комора на Македонија.
Во рамки на тоа се организираат форуми од кои што се очекува да произлезат иницијативи кои што ќе придонесат за подобрување на законската и регулаторната рамка за инвестирање во оваа област, а ќе помогнат за решавање на проблемите со кои што се соочуваат инвеститорите.
На овие форуми, како што беше истакнати, на едно место се собираат сите чинители и засеганати страни од оваа област, вклучувајќи ги лицата кои работат на развој на проекти, инвеститори, локални организации, претставници од релевантни министерства, агенции и меѓународни донатори и да се генерираат нови иницијативи и предлози за законски решенија.
Овој проект има за цел поедноставување на процесот за развој на проекти и инвестиции во обновливи извори на енергија и воспоставување на процеси и процедури за ниско- развојни емисиони стратегии.