Поетот Александар С. Трајковски учествува на книжевни манифестации во Келн, каде што има свое поетското читање во чест на 70-годишнината од постоењето на Националната поетска библиотека во Минхен која претставува најголема јавна колекција на поезија во светот.
На почетокот на месецов тој настапи со поетско читање на меѓународниот поетски фестивал во Ледбури, а в недела ќе настапи и на Меѓународниот поетски фестивал во организација на Националната поетска библиотека при Центарот „Саутбан“ во Лондон.