Поевтинува за два денари и ЕУРОСУПЕР БС-98

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 6.6.2024 година.

Од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит. Вчера за два денари поевтини и ЕУРОСУПЕР БС-95.

Цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети.

Од 8.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,209 (денари/килограм)