Поевтинуваат автомобилите на Тесла

Откако  компанијата Тесла објави дека испорачала 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5% помалку од истиот квартал лани и дека ќе бидат отпуштени 10% од вработените, сега најавува и намалување на цените на автомобилите.

Портпаролот на компнијата денеска изјави дека компанијата ќе ги намали цените на некои модели на автомобили во одредени земји во Европа, вклучително и Германија, како и на Блискиот Исток и Африка.

Во Германија цената на моделот 3 со погон на задните тркала падна од 42.990 евра на 40.990 евра.

Во САД цените на трите модели ќе бидат за 2.000 долари помалку, а Model Y ќе чини 42.990 долари, Model S 72.990 долари и Model X 77.990 долари, пишува ABC News.

На 15 април сопственикот на компанијата, милијардерот  Илон Маск објави дека 10 % од вработените во компанијата ќе бидат отпуштени.

Компанијата во првиот квартал од 2024 година произвела 433.371 возила, што е за 1,7 отсто помалку од истиот квартал лани.