![popova shapka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/6E1F9E6F0BB42B4AAC2A5C6E8D245BD5.jpg?resize=510%2C287&ssl=1)
Скијачкиот центар Попова Шапка од утре ги намалува цените на дневните ски билети до крајот на скијачката сезона и ќе чинат 600 денари.
Како што соопштија од ЕЛЕМ Турс цената за ноќното скијање останува како и досега 400 денари, полудневниот билет и натаму ќе чини 600 денари, а целодневното скијање за деца до 12 години останува 400 денари.
Според информациите од ЕЛЕМ Турс, за вечерва и утревечер со почеток во 19 часот на ски лифтовите Поток 1 и Поток 2 ќе бидат вклучени светилките за ноќно скијање.
Од ЕЛЕМ Турс посочуваат дека иако календарски пролетта е на самиот праг, на Попова Шапка има доволно снег, подготвени патеки и одлични услови за уште една продолжена ски сезона