Поевтинуват цигарите „Марлборо“

Генералниот менаџер на Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп, Емре Козлу денеска истакна дека малопродажната цена на Marlboro Core Flavor и Marlboro Touch варијантите е позиционирана на 85 денари, а цените на останатите производи остануваат непроменети.

„Како дел од нашите комерцијални активности, постојано го следиме пазарот на цигари во Македонија за да донесеме издржани деловни одлуки. Овие одлуки се однесуваат на се – од производство на нашите брендови, до менаџирање со нашето производно портфолио во согласност со динамиката на пазарот,  поврзано со асортиманот и цените. Во контекст на ова, со цел подобрување на конкурентноста на ПМТКП преку најрелевантна понуда со вистински цени за нашите полнолетни корисници во Македонија, ја ревидиравме цената на Marlboro Core Flavor и Marlboro Touch варијантите. Во согласност со оваа комерцијална одлука, што е ефективна од 3 – ти ноември 2014 година, малопродажната цена на  Marlboro Core Flavor и Marlboro Touch варијантите е позиционирана на 85 денари. Цените на другите производи од нашето портфолио остануваат непроменети“.

Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп ДОО Скопје (ПМТКП) е заедничката компанија меѓу Филип Морис Интернационал и Тутунски комбинат Прилеп и е целосно оперативна на македонскиот пазар од септември оваа година.