Погба го обвини братот за грабнување и уцена

Францускиот фудбалски репрезентативец и нов играч на Јувентус, 29-годишниот Пол Погба, наводно во француската полиција пријавил дека бол жртва на грабнување и обид на уцена организирани од неговиот брат и пријателите, пишуваат француските и британските медиуми.

Погба, според медиумските извештаи, им рекол на иследниците дека бандата му се заканувала со пушки и барала 15 милиони евра за да не објави компромитирачки видео-материјал, како и дека „дискретно го штителе“ последните десет години. Наводно зад сето тоа стојат беговиот брат и пријатели од детството.

Настанот се одиграл во март годинава во Париз кога двајца мажи под закана со пушки го однеле фудбалерот во еден стан во париското предградие Лањи-сур-Матн, каде што растел Погба. Таму членовите на бандата го обвинител дека не им помогнал финансиски откако станал познат професионален фудбалер.

Париската полицијата потврдила дека отворила истрага по нападите.

Обвинувањето за грабнување и уценување следеа откако Матијас Погба, братот на Пол Погба, објави видео на интернет на четири јазици (француски, италијански, англиски и шпански), ветувајќи „големи откритија“ за ѕвездата на Јувентус.

Во соопштението за јавноста, кое го потпишале адвокатите на Погба, неговата мајка Јо Мориба и моменталната агентка Рафаела Пиемнта, наведуваат дека, за жал, неодамнешните изјави на Матијас Погба на социјалните мрежи не претставуваат изненадување.

„Тие, покрај тоа што се закани се и дел од организираните обиди за изнуда против Пол Погба“, се наведува во објавата.

Се огласи и три години повозрасниот брат на Пол Погба, и поранешен фудбалер Матијас.

„Мојот помлад брат конечно почнува да го покажува своето вистинско лице. Сакаше да ме замолчи и да ме испрати во затвор. Мојата верзија на настаните е вистинската вистина“, порача Матијас Погба кој кариерата главно ја мина во нисколигашки тимови во Англија, Франција и Шпанија.

Погба ова лето го напушти Манчестер Јунајтед и без отштета се врати во Јувентус од чиишто редови во 2016 година се пресели на „Олд Трафорд“.