Репрезентативецот на Франција, Пол Погба откри дека е многу среќен поради добиената шанса да биде дел од престојниот Мундијал во Бразил, но додаде дека ќе биде уште посреќен ако неговата репрезентација на крајот се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.
„Почнав со реализација на мојот најголем сон. Многу сум среќен, горд сум на самиот себе. Среќен сум што добив шанса и ја искористив шансата да бидам дел од најважниот фудбалски настан. Сепак ова не е финална верзија. Убаво е да се биде дел од Мундијалот во Бразил, но ќе биде уште поубаво ако Франција на крајот се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал. Се надевам дека ќе стигнеме многу далеку. Јас сум репрезентативец на Франција, јас имам обврска да го дадам максимумот на секој натпревар, да дадам се од себе. Да ја играм мојата игра, да им помагам на моите соиграчи”, изјави фудбалерот на Јувентус.