![2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/216.jpg?resize=590%2C412&ssl=1)
Најпознатиот фудбалски агент на денешницата, Мино Раиола, откри дека се уште не е исконтактиран од раководните лица на Јувентус иако истите веќе најавија нов договор за неговиот клиент, францускиот интернационалец, Пол Погба.
Освен дека не сакаат да се ослободат од услугите на малдиот играч за врска, челниците на актуелниот шампион на Италија открија дека во најбрз можен рок ќе му понудат нов договор на Погба со важност до 2018 година.
“Се уште не сум разговарал со генералниот менаџер на Јувентус, Џузепе Марота и не сум испланирал некаква средба со клупските челници на Јувентус. Се е можно кога е во прашање иднината на мојот клиент. Можно е да остане во Торино без да го потпише новиот договор. Пол има договор до 2016 година, но можно е да потпише нов договор пред стартот на новата клупска сезона”, изјави Раиола.