Поглаварот Стефан вели не се отажуваме од името и од дијаспорта за Томос од Цариград

Архиепископот Стефан денеска откри што всушност бара Цариград од МПЦ-ОА во замена за Томос за автокефалност.

Во изјава за Телевизија Стар од Штип, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ги образложи трите услови што ги поставува Цариградската патријаршија кон Македонската Православна Црква.

  1. Откажување од името Македонска Православна Црква
  2. Отстапување на Македонската дијаспора
  3. Признавање на Православната Црква на Украина (чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија)

Воедно, Архиепископот истакна дека овие три услови се неприфатливи за Македонската Православна Црква.