![bil i melinda gejts](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/bil-i-melinda-gejts.jpg?resize=594%2C385&ssl=1)
Бил и Мелинда Гејтс планираат поголемиот дел од богатството, кое вреди околу 76 милијарди долари, да го дадат во хуманитарни цели, а не како наследство на своите деца.
Во говор на конференција во Ванкувер, Гејтс и неговата сопруга рекле дека наместо пари на своите деца им пружиле добро образование, за да научат да се потпрат на своите способности, а не на богатството на нивните родители.
„Имате доволно пари, и покрај вашите огромни донации во хуманитарни цели, своите деца да ги направите милијардери“, рекол организаторот на конференцијата Крис Андерсон.
На ова Гејтс одговорил: „Тие нема да добијат ништо од тоа. Мора да имаат чувство дека нивната лична работа и труд се важни и дека тоа има смисла. Мора да се погрижите да имаат чувство на лична способност и да знаат што сакаат да работат“.
Брачната двојка Гејтс нагласува дека одлуката за начинот на воспитување и образование на децата ја донеле уште пред да се венчаат, инспирирани од американскиот инвеститор и филантроп, Ворен Бафет.