Погребани жртвите од масакрите во Србија

Во Србија е во тек тридневна жалост, која започна во петокот на 5 мај. Во Мали Орашје кај Смедерево, каде  Урош Б. со калашникови уби осум млади момчиња и една девојка, денеска беа погребани М.М.(18), Н.М. локалните гробишта.

На белградските гробишта денеска беше погребан и К.М. (14) во 11:30 часот на Нови гробишта, Е.К. (14) во 12:00 часот на Централните гробишта, А.Д.(14) во 14:45 часот на гробиштата Нови Бежанија, М.А. (14) во 15.30 часот на Нови гробишта.

Неколку стотици луѓе дојдоа да им оддадат почит на младите, а од куќата на секоја жртва тргна поворка до селската црква во Орашје.

Пред црквата беа поставени пет клупи на кои беа поставени ковчезите на петтемина трагично загинати млади лица, по што свештеникот одржа погреб.

Пет мајки тагуваа, плачеа и не можеа да се одвојат од ковчегот во кој беа нивните најблиски.

Река народ собран пред црквата, камбаните бијат како предупредување дека овој ден е полн со тага и болка. Петмина свештеници од околните села дојдоа за секој од нив да го напушти семејниот дом на убиените млади и да го предаде телото на починатиот до портата на црквата во тажна поворка предводени од семејството и пријателите.

Во Лешче се собраа голем број граѓани и на вечна почива го испратија Драган Влаховиќ (51), убиениот чувар на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

На гробиштата пред капелата се собраа околу двесте луѓе, меѓу нив имаше сегашни и поранешни ученици кои дојдоа да се простат од Драган.

Во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе бидат извршени два погреби. Прво ќе биде погребан А.Б. во 15 часот, а потоа А.Ч. во 16 часот.

Во Србија е во тек тридневна жалост, која започна во петокот на 5 мај, а која Владата на Република Србија ја прогласи поради страшната трагедија што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога ученик ( 13) уби девет лица, од кои осум ученици, а рани седум – шест ученици и еден професор по историја.