Погребот на Илиевски утре, емотивни пораки за простување од колегите

Познатиот македонски пејач и миленик на публиката, Влатко Илиевски, кој беше пронајден мртов во автомобил, ќе биде погребан утре, 08.07.2018 година, на гробиштата во општина Ѓорче Петров, соопшти неговото семејство.

Телото на прерано починатиот Илиевски, ќе биде изложено за последна почит во капелата во оваа општина, од 11 до 12 часот.

Како што информираше МВР, неговото тело било пронајдено вчера околу 23 часот во автомобил „тојота“ на булеварот Трета Македонска бригада.

Речиси целата македонска естрада, музичари и актери преку социјалните мрежи се простуваат од Влатко. Тамара Тодевска беше една од неговите долгогодишни пријателки, со кои го имаат снимено дуетот „ Гушни ме“ . Ова е нејзиниот потресен статус:

Слаткар, кој беше автор на евровизиската песна „Русинка“ , исто така изрази сочувство:

-Македонија изгуби голем уметник, човек и пријател. Почивај во мир.