Погребот на британската кралица Елизабета Втора преку телевизиските екрани го следеле 28 милиони нејзини поданици, објави државниот радиодифузер BBC истакнувајќи дека станува збор за еден од најгледаните настани по повеќе години.
Литургијата за кралицата којашто почина на 8-ми септември по 70 години и 7 месеци минати на престолот беше одржана во понеделникот во Вестминстерската опатија, што беше пренесувано во целиот свет.
BBC објави дека повеќето гледачи во Велика Британија го следеле погребот преку јавната телевизија.
Се наведува дека 32,5 милиони луѓе го следеле погребот делумно, а 22,4 милиони и во времето кога ковчегот во процесија минуваше од Вестминстерската опатија низ центарот на Лондон.
Бројот на гледачите бил најголемиот од затворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, односно приближно ист на бројот кој преку телевизиските екрани го следеле погребот на принцезата Дијана во 1997 година.