Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите кажа дека струјата сигурно ќе поскапув, посочувајќи дека владата инвестира во нови извори на електрична енергија и дека тоа кошта пари и затоа ќе поскапува цената на струјата.
„Инвестираме во нови извори на електрична енергија за да ја зајакнеме домашната продукција на струја и да не дојде до поскапување на струјата.Инвестициите во нови извори коштаат пари. Сакате зелена енергија? Ќе поскапува и цената на струјата“, рече Заев.
Економистите велат дека поскапувањето на струјата ќе влијае врз цените на сите производи затоа што струјата е енергенс кои го користат скоро сите компании. Спиралата на покачување на цените се очекува во наредниот период токму поради покачување на цената на струјата. За ваквата состојба предупредуваат експертите кога беа привичните најави дека струјата.
Цените сигурно ќе растат додека платите стагнираат, а со тоа се доведува до намалување на животниот стандард. Тоа значи дека граѓаните ќе можат да купуваат помалку производи со своите месечни примања што значи и дополнително зголемување на сиромаштијата.
Имено, и претседателот на ВМРО ДПМНЕ предупредуваше за ваквата состојба со поскапувањето на струјата и во неколку наврати опозицијата имаше протести околу ова прашање. Мицкоски кој го најави поскапувањето на електричната енергија за домаќинствата поради слабото работење на енергетските компании во државата, ја советуваше Владата да го намали ценовниот шок кој што следи преку намалување на основицата, односно данокот на додадена вредност наместо 18% да биде 5%, а за ова најави дека ВМРО-ДПМНЕ размислува да предложи таков закон во Парламентот.
Во државата поради пандемијата голем број на луѓе ги загубија своите животи, други ги изгубија своите работни места. Скоро 60.000 граѓани останаа без работа додека скоро 6.000 компании ставија клуч на врата. Според експертите дополнително покачувањето на струјата ќе влијае на нивната конкурентност поради тоа што мора покачувањето да го вградат како дополнителен трошок, а со тоа и во цената на производите.