Пикфорд му подари победа на Ливерпул, жестоко во дербито на северен Лондон

Во последниот од трите неделни дерби натпревара во 14-то коло од англиското фудбалско првенство, Ливерпул на својот „Енфилд“ го победи Евертон со 1:0, со голот во шестата минута од судиското продолжение на мечот, а претходно беа одиграни уште две лондонски дербија во кои Челзи на својот „Стемфорд Бриџ“ го совлада Фулам со 2:0, додека на „Емирејтс“ Арсенал севернолондонското дерби против Тотенхем го доби со 4:2.

Ливерпул до победата во Мерсисајд дербито над градскиот ривал дојде на неверојатен начин во шестата минута од продолжението по подарокот на гостинскиот голман Џордан Пикфорд. Кога се чинеше дека третото последователно ливерпулско дерби ќе заврши без победник, првиот голман на англиската репрезентација направи несфатлива грешка. Пикфорд погрешно процени пад на топката и наместо лесно да ја исфрли во надвор од игралиштето, тој ја пушти топката која ја погоди стативата па се одби до Ориги кој лесно ја закова во противничката мрежа предизвикувајќи еуфорија кај „црвениот дел“ од Ливерпул.

Ливерпул ја продолжи серијата натпревари без пораз од Евертон во првенствените судири на дури 16 дуели, намалувајќи го заостанувањето зад водечкиот Манчестер Сити на два бода.

Дуелот на „Енфилд“ го одбележа неверојатни промашувања на двете страни, а особено во тоа се истакнаа напаѓачите на Ливерпул, Садио Мане, Џерадан Шакири и Дивок Ориги. Мане двапати излегуваше сам пред Пикфорд и двата пати не го погоди голот, Шаќири исто така беше „очи в очи“ со голманот на Евертон, но репрезентативниот чувар на мрежата го одбрани неговиот удар, додека Ориги во 87 минута од три-четири метри го погоди дирекот, но по десетина минути го прифати подарокот од Пикфорд.

За разлика од дербито за Ливерпул кое беше сиромашно со голови, гледачите во северен Лондон видео одличен дуел со шест голови. Арсенал поведе со 1:0, Тотенхем потоа со два брзи гола направи пресврти, а во продолжението „Топчиите“ постигнаа три гола за победа над големиот ривал од соседството.

Арсенал поведе во 10 минута со голот на Пјер-Емерик Обамејанг од пенал за кој виновен беше Јан Вертонген кој играше со рака во својот шеснаесетник. Обамејнаг со тоа стана првиот играч кој постигнал погодок во десетте лигашки натпревари во низа по Бен Меккарти кој овој подвиг го оствари во 2007 година во дресот на Блекбурн.

Израмни Ерик Дриер во 30 минута по големата грешка на арсеналовиот голман Бернар Лена, а само четири минути подоцна Тотенхем поведоа преку пеналот кој го реализираше Хари Кејн. Ова беше неговиот осми погодок во дербито на северен Лондон и досега ниеден играч не бил толку пати стрелец. При овој пенал играчите и навивачите на Арсенал жестоко протестираа бидејќи се чини дека Роб Холдинг немаше контакт со Сон Хеунг-мин, но судијата Мајкл Дин сепак покажа на белата точка.

Арсенал израмни во 56 минута со убавиот гол на Обамејанг од 20 метри, а во 74 минута Александр Лаказет придонесе за новиот пресврт на резултатот погодувајќи од работ на шеснаесетникот за 3:2. Во 77 минута меѓу стрелците се впиша и Лукаш Тореира постигнувајќи го четвртиот гол за домаќините, а сите дилеми околу победникот дефинитивно беа разрешени во 86 минута кога беше исклучен Вертонгент поради два жолти картона.

Во претходно одиграниот меч Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ со 2:0 го победи Фулам. Педро уште во четвртата минута ги доведе домашните во водство. Конечниот резултат го постави Лофтус-Чик во 82 минута., кој влезе во игра во 67 минута наместо Матео Ковачиќ.

На табелата води Манчестер Сити со 38 бодови, пред Ливерпул кој има 36. Сега трет е Челзи со бод повеќе од Арсенал кој има 30 бодови, на колку што остана и петтиот Тотенхем, а кој пак има осум бодови повеќе од следните на табелата Евертон и Манчестер Јунајтед. Фулам, пак, очигледно сезонава само номинално ќе ги игра „лондонските дербија“, бидејќи е на последното 20-то место со само осум бодови.