Покрај бурата Хилари и земјотрес со магнитуда 5,1 ја погоди Калифорнија

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јужна Калифорнија северно од Лос Анџелес во неделата попладнето по локално време, потресувајќи поголем дел од регионот додека жителите се обидуваат да се заштитат од од тропската бура Хилари која му се приближува на регионот.

Нема информации за штети или повредени од земјотресот, кој се случи во 14,41 часот по локално време (21,41 GMT), приближно 7 километри југоисточно од заедницата Оџаи во Јужна Калифорнија во округот Вентура. По него следеле неколку помали последователни потреси.

„Засега нема информации за материјална штета, но земјотресот беше опширно почувствуван низ округот Вентура“, се вели во соопштението на веб-страницата за информации на округот Вентура.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека нема закана од цунами предизвикано од земјотресот.

Дожд врнеше низ Јужна Калифорнија и во неделата додека тропската бура Хилари се движеше кон оваа сојузна американска држава откако претходно истиот ден го казни полуостровот Баха Калифорнија.