Здравството е пред колапс, прекинот на операции на Хирургија предизвика хаос во другите болници, а министерот се уште нема поим зошто салите за операција на Хирургија не работат. Важно знае дека воздухот не бил компромитиран, ама смрдело, итакна на денешната прес-конференција портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Почитувани,
Хаосот со воздухот не е единствен проблем на Хирургија. Од вчера и апаратите за компјутерска томографија и РТГ не работат! Ова е известувањето со кое што се бара разбирање за пациентите да се упатуваат кон други здравствени установи во градот!
Во овие моменти кога сета јавност е насочена кон состојбата во Хирургија, кога сите скопски болници се преоптоварени со пациенти заради Хирургија, сега се исклучени и компјутерите за томографија. Ова е се само не ред, здравство, грижа за пациентите и посветеност на министерот и сиот раководен тим на Хирургија.
Патем, знае ли министерот Илир Демири, дека најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен Брег? Дали Илир Демири се уште смета дека поважно е да му измине времето како министер без да се замери со ДУИ и СДС или треба веднаш да побара одговорност?
Накусо ќе ги сублимирам проблемите на Хирургија: 12 дена нема операции заради лош мирис иако министерот тврди дека воздухот не е компромитиран, не работат лифтовите, фирма моли за услови да се исполнат преземените обврски на тендер, сега и компјутерите за томографија и РТГ се исклучени, а раководството со економскиот директор заминале на францускиот Азурен брег!?
Сето ова не остава простор да се гледа како на инцидент, туку е резултат на целосна негрижа со напластени проблеми.
Почитувани,
Оставштината на СДС и ДУИ во здравството до крај го покажува вистинското лице. Сето ова не смее да заврши со обвинувања на некој нов кабел. Одговорност мора да има, вклучително и етичка и професионална, рече Стоилковски.