Покраинските избори на Сицилија навестување за парламентарните во 2018-та

Околу 4,5 милиони гласачи во неделата го избираат покраинскиот парламент и претседателот на Сицилија, најголемиот италијански остров и нејзиниот најјужен регион, каде што решавачката битка ќесе води меѓу евроскептичното и антиестаблишмент движење Пет ѕвезди (М5S) и коалицијата на десницата, а резултати би можеле да претставуваат навестување за исходот од италијанските парламентарни избори на почетокот од 2018 година.

Иако десната коалиција предводена од партијата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони има блага предност, таа и движењето Пет ѕвезди (М5S) во анкетите се всушност во нивото на статистичка грешка.

Изборите на Сицилија претставуваат последен голем тест пред парламентарните избори кои ќе се одржат следната 2018 година, најверојатно во периодот меѓу февруари и април.

„Од обединувањето на Италија, па дури и пред тоа, Сицилија беше покраина со којашто завладуваше оно кој сакаше да владее со цела Италија. Не е случајно што Гарибалди своето освојување го започна од Сицилија. Оттаму, тоа и натаму е многу важен елемент“, вело Марко Анџело Гервасони, професор по политички науки на универзитетот Луисс во Рим.

 

Сицилија е традиционално десна

„Сицилија традиционално ја гласа десницата, нејзиното гласачко телот е конзервативно. Левицата победи на последните избори само затоа што десницата беше разединета и настапи со три засебни листи“, потенцира Гарвасони.

Коалицијата на десницата, а ја сочинуваат Напред Италија (FI) на поранешниот премиер Силвио Берлускони, Северната лига која ја води Матео Салвини и партијата Италијански браќа на чиешто чело е Џорџа Мелони, би требало да добие околу 35 отсто од гласовите.

Победата на Сицилија би ја оправдало одлуката на трите партии да формираат коалиција и би ги охрабрила истото да го повторате на изборите за италијанскиот парламент по неколку месеци.

 

Движењето против естаблишментот над сѐ

Евроскептичното и антиестаблишмент движењето M5S на сатиричарот Бепе Грило, би требало да добие околу 33 отсто од гласовите според анкетите, но конечниот резултат би можел да биде и подобар, бидејќи последните испитувања на јавното мнение се спроведени пред две седмици, имајќи предвид дека италијанскиот закон забранува објавување резултати од анкети 15 дена пред гласањето.

„М5Ѕ има можност да победи на овие избори бидејќи има голем капацитет за привлекување нови гласачи, а десницата во таа смисла го оствари својот максимум“, смета Гарвасони.

„Изборите ќе бидат сложен испи. Многу неизвесен е одѕивот на гласачите, кои во минатото на Сицилија беше низок, а од тоа обично профитира М5Ѕ“, вели Алесандро Амадори, потпретседател на Институтот за испитување на јавното мнение Piepoli.

Италијанските избирачи се презаситени и не ја поддржуваат политичката класа којашто ја сметаат за неефикасна и корумпирана и токму на основа на ваквото незадоволство М5Ѕ откако се појави на претходните парламентарни избори ги привлекува своите гласачи и поединечно е најзастапената политичка партија во италијанскиот парламент.

 

Поделената левица

Левицата ја плаќа цената на своите внатрешни поделби и нема никакви изгледи да победи во неделата на Сицилија. Според анкетите, кандидатот на владејачката Демократска партија (PD) од левиот центар, би требало да добие 16 отсто од гласовите, а неговиот конкурент на лчевицата околу 14 отсто.

Оваа поделба е одраз на расколот на национално ниво во Демократската парија која ја напуштија неколку челници кои му припаѓаа на левото крило на оваа партија. Се чини дека целта на двајцата кандидати ќе биде што повеќе да му се нанесе штета на противникот на левицата, отколку да се тежнее на изборната победа.

 

Берлускони повторно

Политичарот кој често го прогласуваа „политички мртовец“, поранешниот челник на владата на Италија, повторно се издигна од пепелта и се смета дека ќе биде пресудната личност за исходот од сицилијанските избори.

„Очигледно е дека Берлускони, кои има повеќе животи од мачка, останува цврст. Успеа да ја врати довербата во рамките на Европската народна партија (во Европскиот парламент), а што го призна и самата германска канцеларка Ангела Меркел. Денешниот Берлускони е поразборит и се претставува како гарант кој ќе го спречи потонувањето на Италија во хаос, а тој хаос според мислењето на многумина, го носи популистичкиот М5Ѕ“, смета Гервасони.

 

Специјален изборен закон

Сицилија треба да избере 70 пратеници во своето собрание и негов претседател. Од 70 пратеници 62 се избираат според пропорционалниот систем, седум кандидати добива листата којашто освоила најмногу гласови, додеа последниот пратеник е бонус за партијата којшто го освоила второто место.

„Голема е можноста победникот на изборите да не собере доволно мнозинство во собранието. Доколку победи кандидатот на десницата, многу е веројатно дека ќе мора да ги повика на помош пратениците од Демократската партија, а таквиот исход можеби е антиципација на она што ќе се случи на изборите за италијанскиот парламент, значи сојуз меѓу Демократската партија и Напред Италија на Берлускони“, оценува Гервасони.