![maxresdefault](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/maxresdefault-e1458652016652.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Што се однесува за туристите од Македонија, Грците и оваа година не треба да се загрижуваат за посетеноста.
Од агенциите велат дека заинтересираноста за велигденските патувања и летни аранжмани е зголемена во однос на минатата година. Туристичките агенции најмногу нудат патувања во Грција и додават дека најголема посетеност ќе има на Крф, Закинтос, Лефкада, Иос.
-Туристите немаат никаква реакција во однос на моменталната ситуација со бегалците во Грција, за разлика од Турција, за каде туристите се плашат, велат од агенциите и додаваат дека поради тие причини драстично е намалена заинтересираноста за посета оваа година.
Наскоро започнува летната туристичка сезона, а во изминатите два месеци годинава, повеќе од 120.000 бегалци притигнаа на грчките острови. Меѓутоа, туристичките агенции сметаат дека нема причини за загриженост и дека моменталната ситуација нема значително да влијае врз туризмот во земјата.
Оттаму додаваат дека во моментов Грција е најпродаваната дестинација, со оглед на тоа дека за неа оваа година се одлучиле и туристи кои изминатите години летувале во Турција и Египет.