![Achraf Hakimi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/Achraf-Hakimi.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Против мароканскиот дефанзивец на Пари Сен Жермен, 24-годишниот Ашраф Хакими е покрената официјална истрага поради обвинувања за силување, соопшти во петокот обвинителството во Нантер.
Репрезентативецот на Мароко беше сослушан во четвртокот, а потоа ставен под судски надзор и против него започна официјална истрага. Тој е обвинет дека силувал жена минатата сабота во неговиот дом во Булоњ-Биланкур, во западното предградие на Париз.
Во неделата младата жена се појавила во полициската станица во Вал-де-Марн, каде што рекла дека била силувана, но во тоа време не поднела обвинение.
Според полициски извор, таа тогаш изјавила дека го запознала Ахраф Хакими во јануари на социјалната мрежа Instagram и дека во саботата дошла во неговиот дом со автомобил нарачан од играчот.
Таа узјавила дека Ашраф Хакими ја бакнувал и допирал без нејзина согласност, пред да ја силува, додал полицискиот извор.
На Хакими му било забрането да има контакт со младата жена, но му било дозволено да ја напушти француската територија, соопшти обвинителството.
Адвокатката на фудбалерот, Фани Колин, во вторникот за дневниот весник Le Parisienе изјави дека обвинувањата се „лажни“ и дека Хакими е „мирен“ и „ѝ стои на располагање на правдата“.