Покрената е постапка и против возачот на Аудито и против возачот на автобусот на „Струмица Експрес“ за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Удово во која брачен пар од Скопје го загуби животот, а нивното седумгодишно детенце се здоби со повреди опасни по живот.
Од Основното Јавно Обвинителство наведуваат дека надлежниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија доставил Предлог за определување мерка-притвор во траење од осум дена за 46-годишниот Д.С., државјанин на Република Србија, додека за 60-годишниот Ѓ.В., македонски државјанин, се предложени други мерки за претпазливост.
Двајцата осомничени се сослушани од страна на надлежен обвинител, а со анализа на доказите треба да се утврди точната одговорност за предизвикување на сообраќајната несреќа.
Инаку во вчерашната страшна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Удово-Гевгелија животот го загуби млада брачна двојка од Скопје, а нивното синче со тешки повреди беше пренесено на скопските клиники каде се бори за живот.
Инаку во сообраќајната несреќа учествувале два автомобили, едниот фиат чинквеченто, со кој се превезувале трагично загинатите, другиот Ауди А4 кој би управуван од српскиот државјанин и автобус на Струмица Експрес со кого управувало второто лице против кого е започната постапка.
Сообраќајот на магистралниот пат Удово – Гевгелија поради сообраќајната несреќа вчера беше во прекин од 07.20 часот се до 16.00 часот напладне.
Графичкиот приказ за тоа како изгледала несреќата погледнете го на следниот линк.