Пол позиција за Довициозо во Брно

Андреа Давициозо ја освои пол-позиција на Големата награда на Чешка која се вози утре во Брно, а зад него ќе стартува Валентино Роси. Третата и четвртата позиција се за Марк Маркез и Хорхе Лоренцо.

Во првата квалификациска сесија најбрзи беа Маверик Вињалес и Алекс Ринс, но во втората Маркез очекувано беше најдобар. Најголемо изненадување во тој момент беше Лоренцо, кој извозе одлични кругови. Роси и Вињалес имаа најлоши времиња по 10 минутниот тренинг.

Во третата сесија Лоренцо и Маркес беа одлични, но извозеа само еден брз круг. Но Довициозо и Роси повеќе се задржаа на патеката и остварија подобри резултати.

Ова е прва пол позиција за Италијанецот по Малезија во 2016 година.