Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре, 22 август, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Центар, Бутел, Студеничани, Сарај, Ѓорче Петров и Шуто Оризари.
Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе осттанат корисниците од улиците Мите Богоевски и Блажо Орландиќ во општина Аеродром.
Од 08.30 до 11.30 часот, струја нема да имаат корисниците меѓу улиците Теодосиј Гологанов и Максим Горки во општина Центар.
Во општина Бутел во периодот од 08.30 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците: Мара Мажуречка, Алпи, Ферид Бајрам и Христијан Тодоровски Карпош.
Од 09.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Љубош во општина Студеничани.
Во општина Сарај струја ќе немаат корисниците од улицата 20 во селото Сарај од 09.00 до 14.00 часот.
Од 09.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Диме Мечето, како и дел од корисниците од ул. Волт Дизни во општина Шуто Оризари, корисниците од ул. Призренска – ул.2 во општина Бутел, дел од корисниците од село Грчец во општина Сарај, како и дел од корисниците од улиците: Македонска Преродба, Мајски Манифест и Социјалистичка Зора во општина Ѓорче Петров.
Во Општина Карпош без струја од 10.00 до 12.00 часот, ќе бидат корисниците од ул. Алжирска бр.18.