Не можеме да ја вакцинираме целата планета на секои шест месеци, тоа не е одржливо, предупреди професорот Ендрју Поланд, претседател на британското JCVI (национално тело за вакцинација и имунизација) во интервју за The Telegraph.
Поланд верува дека за четвртата доза од вакцината треба да се почека „додека не се појават повеќе докази“ и повика приоритет во идната вакцинација да им се даде на ранливите групи, наместо да се даваат дополнителни дози на целата популација над 12-годишна возраст.
„Нема смисла да се обидуваме целосно да ја запреме инфекцијата, во одреден момент општеството едноставно мора да се отвори“, вели британскиот стручњак.
Неговата изјава доаѓа во момент кога британската влада ги привршува плановите за брзо тестирање за дури 10 милиони работници во „критичните професии“.
Порачани се 45 милиони тестови во следните две седмица, поради стравувањата од ширење на омикрон сојот на коронавирусот