Полесно повредени 25 лица на миса во Минхен во паника по извици Алаху Акбар

Лице од африканско потекло коешто во саботата вечерта влетало на велигденската литрургија на хрватската заедница во Минхен во црвката на свети Павле извикувајќи Алаху Акбар и фрлајќи камења е психички болно и не е поврзано со тероризмот, сооштија во неделата властите.

Мажот влетал во црквата ивикувајќи го повикот кој често при напади го користат исламистичките екстремисти и фрлал со камења по верниците. Од паниката тие почнале да бегаат од црквата при што со полесни повреди се здобиле 25 лица, кои се хрватски државјани.

Според локалните медиуми, неколку луѓе успеале да го соборат мажот кој трргнал кон олтарот, а потоа набрзо пристигнале бројни полицајци. Минхенската полиција потврди дека не станува збор за терористички напад, туку за испад на психички болно лице кое веќе е сместено во болница.