Полесно повредени тројца припадници на Армијата

Тројца припадници на Армијата минале со полесни повреди во сообраќајка која се случила на патот Богданици -Гевгелија. Најверојатно причината за незгодата се временските услови.

Како што соопшти МВР, вчера во 20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, поточно на место викано Лгот, патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Б.Ј. излетало од коловозот.

-Во возилото се превезувале и шест припадници на Армијата, кои биле на испомош во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“. Во незгодата со полесни повреди се здобиле тројца припадници од Армијата, по што биле пренесени во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување на лекарска помош, се наведува во соопштението.

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот.