Првата руска нискотарифна авио-компанија „Дoбролет“, во стопроцентна соптственост на „Аерофлот“, денес го изврши првиот лет кон Симферопољ, на Крим, пренесоа медиумите.
Свечената церемонија на полетувањето е извршена на аеродоромот Шереметјево, базата на аерофлотата во присуство на рускиот премиер Дмитри Медведев, раководствата на секторот за сообраќај и менаџментот на превозникот.
„Добролет“ полета дочно на време, во јуни 2014 година, како што директорот на „Аерофлот“ Виталија Савелиев му ветил на претседателотт Владимир Путин, објавија руските медиуми.
Со одлуката за основање на превозник,„ Аерофлот“ тргна во реализација на еден од своите главни стратешки цели- зголемување на достапноста на авионскиот превоз за Русите и омасовување на патувањата по пат на воздух на домашните линии.
Лоукост, односно нискотарифниот, моделот е заснован на максимално смалување на трошоците, особено во некои сегменти на сервис и услуги. Заради тоа „Добролет“ нуди тарифи 20 до 50 отсто пониски отколку класичните авиокомпании во делот на економската класа, со перспектива за понатамошно снижување на цените.
Продажбата на авио билетите за летовите на Добролет почна на 26 мај. Само во првите 24 часа резервирано се 13.700 билети на релација Москва-Симерфопољ-Москва.
„Русија дефинитивно мора да има свој нискотарифен превозник и добро е тоа што со тоа се зафати нашата нејголема компанија Аерофлот“, рекол шефот на владата на презентацијата на авио-компанијата „Добролет“ на Шереметјев.
„Со правилно распоредување на приходите и расходите, нашите луѓе ќе имаат удобен модерен авион, кој ќе лета за релативно мали пари во различни области на нашата земја“ додал тој.