Полгеднете го народот кој си ја брани државата, а за СДСМ се „терористи“

За СДСМ граѓаните кои се дел од иницијативата „За заедничка Македонија“ и кои два месеца секојдневно мирно протеститраат по улиците ширум Македонија бранејќи го уставниот поредок на државата и барајќи отфрлање на Тиранската платформа, се терористи.

Според СДСМ граѓаните сториле кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. За социјалдемократите граѓаните кои застанаа во одбрана на државата, македонското име, химна, знаме, грб, кои секојдневно повикуваа отфрлање на Тиранската платформа со што би се довело до федерализација и двојазичност во цела Македонија, се терористи.

Секојдневно на улиците низ Македонија протестираа околу 200.000 граѓани кои со веење на македонски знамиња и пеење на македонски песни бараа исполнување на нивните барања, повторувани секој ден. Тие за СДСМ се терористи.

 

narod 02

 

narod 03

 

narod 04

 

narod 05