Двајца полицајци се избодени во центарот на Лондон во петокот и во моментов се наоѓаат во болница, објави во лондонската метрополитен полиција додавајќи дека е уапсен маж осомничен за нападот врз полицајците и работниците на итната помош.
„Во петокот, 16-ти септември, околу 6 часот полицијата уапси маж со нож на подрачјето на Лестер сквер. Двајца полицајци се здобија со убодни рани и моментално се на лекување во болница“, стои во полициското соопштение.
Уапсениот маж, исто така, е пренесен во болница и во моментов сѐ уште таму се наоѓа, се додава во соопштението.
Полицијата, исто така, наведува дека „истрагата за околностите за инцидентот е во тек“. Лондонскиот градоначалник Садик Кан, пак, рече дека нападот не е поврзан со тероризам, како и дека повредените полицајци не се животно загрозени.