Полицајци правеле забава во кратовско Куклица, ги апселе специјалци

Група полицајци синоќа биле приведени во кратовското село Куклица, откако биле затекнати како прават забава со гласна музика и викање. Полицајците биле приjaвени од страна на селаните на кои што им сметало гласната музика.

Станува збор за седум припадници на МВР, кои наместо да ја спроведуваат, со нивното однесување ја прекршиле забраната за собирање и групирање.

На забавата имало околу 15 лица. Полицајците давале отпор при обид за нивно приведување, по што, била ангажирана и Единицата за брзо распоредување. Тие со лисици биле однесени во надлежната полициска станица. За случајот е известено и Обвинителството, кое сега, ќе треба да постапи и да бара тие да бидат казнети за непочитување на мерките.

Припадниците на полицијата со нивното однесување го прекршиле членот 206 од Кривичниот законик и не постапиле согласно здравствените прописи во време на епидемија.