
Шест лица загинаа, вклучувајќи двајца напаѓачи, во престрелки што се случија синоќа во Џерси Сити, во близина на Њујорк.
Еден од загинатите е полицаец кој се приближил до комбе што било сомнително дека е употребено во убиство, осомничениот возач пукал во него и избегал со возилото.
Тројца од загинатите се локални жители кои се наоѓале во продавница каде напаѓачите, маж и жена, се скриле.
Отакако биле лоцирани, еврејскиот реон каде се наоѓале осомничените бил блокиран и надлетуван од хеликоптери. Евакуирани биле повеќе локали и едно училиште, додека престрелката меѓу распоредените специјални полициски сили и осомничените траеле со часови.
Напаѓачите биле совладани во вечерните часови.
-Изгледеше како да е војна, изјави еден од очевидците на настанот.