
Тетовски полицаец при проверка на пиштолот испукал еден куршум, а при инцидентот нема повредени во просториите на СВР Тетово. Настанот се случил вчера околу 9 часот и 30 минути.
-Извршен е увид во работна канцеларија на СВР Тетово, во која околу 9 часот и 30 минути, полицискиот службеник Ш.С.(37) вршејќи проверка на службениот пиштол, испукал еден куршум кој завршил во подот пред влезната врата. Нема повредени лица, додека било причинето само незначително оштетување на подот и sидот, информираат од тетовската полиција.
Во консултација и координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.