Полицаец ја претепал сопругата до бесознание

Полициски службеник во Куманово во вторникот под дејство на алкохол физички ја нападнал својата сопруга, којашто од ќотекот загубила свест, инфромираа во средата од министерството за внатрешни работи.

Полицаецот кој министертвото го идентификува си иницијалите В.Т., во својот дом во Куманово вчера околу 20,30 часот под дејство на алкохол започнал вербална расправија со својата сопруга, 31-годишната Н.Т.. По расправијата, тој физички ја нападнал, а од ќотекот што го добила жената паднала во несвест.

По пристигнувањето на неговите колеги, насилникот бил приведен, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми.

За настанот веднаш бил известен и одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР.