ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од село Борово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На 08.08.2023 во село Каврак, кратовско, пријавениот се обидел со стаклен предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија, но бил спречен и лишен од слобода.