Полицаец нападнат во „Мавровка“

Деветнаесет годишно момче од Скопје вчера вечерта нападнало полицаец во трговскиот центар Мавровка.

 Нападот се случил кога при обид полициски службеници да го утврдат идентитетот на 19-годишниот С.К., тој со тупаници го удрил полицаецот во пределот на стомакот.

Момчето било приведено и против него по рсчистување на случајот, полицијата најавува поднесување на соодветна пријава.