Полицаец од островот Крит, нов кандидат од „Златна зора“ за избори во Грција

Грчката полиција започна внатрешна истрага во врска со информациите дека полицаец од островот Крит ќе биде кандидат на листата на неофашистката партија „Златна зора“ на локалните избори во мај, пишува весникот „Катимерини“.

Засега не е објавено името на кандидатот. Се смета дека тој присуствувал на партискиот конгрес, кој бил одржан во неделата во пристанишниот град Херсонисос.

На изборите партијата ќе учествува под името „Национална зора“, откако девет пратеници од формацијата беа обвинети за вршење злосторства, а против останатите девет ќе бидат покренати обвиненија за основање на криминална група.