Против тројца помлади жители на Крива Паланка се поднесен кривични пријави за случај од средината на февруари, кога се одвивала вистинска драма во којашто пријавените прво се степале во кафуле, потоа побегнале од полициската станица во којашто биле приведени и на крајот прегазиле полицаец.
Надворешната канцеларија за криминалиситчки работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.Ц.(34) и А.В.(25), за сторено кривично дело „насилство“ и против И.С.(28) за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.
На 16.01.2018 година, во угостителскиот објект во Крива Паланка, Б.Ц. и А.В. физички нападнале едно од присутните лица, по што биле спречени во намерата и приведени во Полициска станица Крива Паланка.
Б.Ц. со помош на И.С. кој бил со патничко возило се обидел да побегне, оттурнувајќи еден од полициските службеници, при што му нанел телесна повреда и му ја оштетил униформата, а И.С. со голема брзина го стартувал возилото и со задното тркало го прегазил полицискиот службеник.