Полицаец удрен со автомобил, негов колега истепан

Во два одделни инциденти во петокот, полициски службеник од Пробиштип бил повреден од автомобил додека го регулирал сообаќајот, додека негов колева во скопско Арачоново е физички нападнат и повреден од незадоволен локален жител, извести во саботата Министертвото за внатрешни работи.

Во петокот, околу 18,25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Штип, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С. на 50-години од Скопје удрило во полициски службеник 23-годишниот С.С. од Пробиштип, кој извршувал работни задачи за контрола и регулирање на сообраќај.

Во незгодата сообраќајниот полицаец се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип, во присуство на Јавен обвинител.

Претходно во петокот по 14 часот во Полициското одделение Арачиново бил приведен 22-годишниот М.А., локален жител, бидејќи откако пријавил поплака и му било објаснето од полициски службеник дека ќе биде постапено по поплаката, тој физички го нападнал полицискиот службеник.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.