Полицаец удрен со автомобил при обид за приведување

Во четвртокот околу 17 часот на улицата „Пере Тошев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје запреле патничко возило „фолксваген голф“, со словенечки национални ознаки за кое добиле сознанија дека направило сообраќајна незгода на булеварот  „Никола Карев“ и го напуштило местото.

Притоа, полициските службеници го лишиле од слобода совозачот 43-годишниот В.Е.од Скопје, додека возачот Р.Р., на 45 години, од Скопје со возилото удрил еден од полициските службеници и се дал во бегство.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.