Полицаец украл мобилен телефон од мигрант, па фалсификувал документи, информираше МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против З.С.- вработен во Регионален центар за гранични работи Север. Тој е осомничен поради постоење основи на сомнение за сторено крвично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во својство на одговорен полициски службеник, постапил спротивно на процедурите за привремено одземени предмети, па телефонот од приведен мигрант си го зел, а потоа издал наредба да се изготви фиктивна потврда за вратени предмети.
Против него е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност