![kinsasa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/kinsasa.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Полицаец во конгоанската метропола Киншаса убил во саботата студен во текот на снимање видео бидејќи не носел заштитна маска, мерка која е на сила во текот на третиот бран на коронавирусот со кој е погодена Демократска Република Конгон, јавуваат во неделата медиумите и очевидци.
„Нашиот колега Оноре Шама, студент на книжевност на Универзитот Киншаса, снимаше видео во рамките на практичната работа во врска со жанрот комедија. Полицаецот му кажал да стави маска, но и покрај објаснувањата и откако ја ставил маската, полицаецот се разгневи бидејќи очекувал пари и го обвини за пружање отпор и го застрела од непосредна билизина“, изјавил очевидецот на настанот, Петиен Одиа, исто така студент.
Началникот на полицијата во Киншаса изјавил за медиумите дека полицаецот е во бегство. „Потрагата по него продолжува“, изјавил началникот Силвано Касонго.
Носењето маски во ДР Конго е задолжително, а кршењето на прописот се казнува со 10.000 конгоански франци односно пет американски долари.
Полицијата во Киншаса е критикуван дека редовно ги малтретира граѓаните и оти полицајците бараат пари за казна без издавање потврда за плаќање на глобата за сторен прекшок.
Од избувнувањето на епидемијата на Covid-19 во март 2020 година во ДР Конго регистрирани се 47.786 случаи на заразата и 1.020 смртни исходи. Вакцинирањето на населението беше запрено на 19-ти јули, бидејќи на вакцините „AstraZeneca“ со кои располагаа тамошните здравствени власти им истече рокот.