Полицаецот кој загина на автопатот Тетово – Гостивар бил удрен од две возила

Полицискиот службеник кој во саботата вечерта го загуби животот обезбедувајќи место на кое претходно се случила сообраќајна несреќа на делот од автопатот Тетово – Гостивар, бил удред од две возила, се појаснува во соопштението на Министерството за внатрешни работи во неделата.

На автопатот Тетово – Гостивар, во близина на место викано Тумчевишка клучка, вчера во 19.05 часот патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Р.Ш. од кичевското село Грешница, удрило во двајца полициски службеници П.Ѓ. и Ф.Ш. додека извршувале работни задачи- обезбедување на место на настанот од претходно случена сообраќајна незгода.

Потоа патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 39-горидшниот И.Б. од село Синичане, кое се движело во правец Гостивар – Тетово удрило во полицискиот службеник П.Ѓ.

По незгодата, со возило на итна медицинска помош полициските службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде од доктор кај П.Ѓ. е констатирана смрт, додека кај Ф.Ш се констатирани тешки телесни повреди.

По насока на јавен обвинител Р.Ш. е лишен од слобода во Полициска станица Гостивар.