Полицаец што бил да изврши увид во станот на двајцата починати мајка и син во Велес има коронавирус, потврдил за Фокус директорот на Центарот за јавно здравје во Велес, Тони Димитриев.
Во Велес вчера беа регистрирани уште две лица позитивни на корона вирус, со што бројката се искачи на 36 лица.
Во Институтот за судска медицина неделава ќе биде завршен извештајот во кој ќе биде посочено точното време на настапување на смртта на велешанката која имала 79 години и во чие дишно стебло при обдукцијата била пронајдена рибонуклеинска кислелина на коронавирусот.