Полицајци и судии на пикник на СДСМ

Вработени во МВР, како и судии викендов се забавувале на пикник во Крива Паланка.

Неспорно дека и тие како и останатите граѓани во земјава имаат право на викенд, па и на пикник.

Но недолчино е, особено во екот на политичка криза и кампања за референдумот поединци вработени во државни институции и кои не би требало да се поврзани со политички партии присуствуваат на пикник организиран од СДСМ.

На пикникот, на кој домаќин бил министерот за земјоделство, Љупчо Николовски присуствувале одреден број вработени во МВР и судовите.