Најмалку 25 полициски офицери се приведени денеска во Турција во рамки на истрагата за шпионирање и незаконско прислушување на премиерот Реџеп Таип Ердоган и неговите најблиски соработници.
Полицајците се приведени во 14 покраини ширум Турција.
Вкупно 31 полициски офицер се во притвор од минатата седмица под сомневање за припадност кон криминална организација и прислушување телефони, по првиот бран апсења на 22 јули.
Аферата за наводно прислушување на премиерот ја потресува Турција во пресрет на изборите на 10 август на кои Ердоган очекува победа како прв директно избран шеф на државата. Претседателот на Турција досега го бираше Парламентот.