Возач кој управувал воило во сопственост на Министерството за внатрешни работи и уште двајца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во четвртокот утрото околу 09,45 часот на улицата „Ѓорче Петров“.
Од полицијата информираат дека во сообраќајнаta незгода учествувале товарно моторно возило „фолксваген транспортер“ (сопственост на МВР на РМ) управувано од 31-годишниот Б.С. и патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблици управувано од 18-годишниот А.С.(18) од скопското село Сарај.
Во сообраќајната незгода со повреди се здобиле Б.С. и уште двајца полициски службеници, информираат од МВР. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.