Полицајка нападната од функционер на ДУИ завршила во болница

Полициска службеничка била нападната од функционер на ДУИ кој не дозволил „пајак“ да му го однесе џипот, денеска кај ТЦ „Мавровка“. По немилиот настан таа била пренесена во болница, а од МВР го потврдија инциднетот.

При преземање на службена должност полицискиот службеник бил попречен од лицето Б.А.. Се работи на расветлување на случајот. За подетални информации МВР ќе излезе во текот на денот- изјавија од МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 10 часот на крстосницата од булевар „Гоце Делчев“ и улица „Филип Втори“ . Тогаш специјално возило „пајак“ се обидело да подигне непрописно паркиран џип „ленд ровер” со скопски регистарски ознаки.

Сопственикот на возилото Б.А. не дозволувал да го подигнат џипот, па вербално ја нападнал полициската службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.